Одлука на „зелена маса“: Ц. Звезда и официјално е шампион на Србија

155

По вчерашните скандали на финалниот меч бр. 2 од српското кошаркарско првенство, денеска стигна и официјална потврда дека Црвена звезда ја одбрани титулата шампион на Србија.

Вториот натпревар од финалната серија против Партизан денеска е регистриран со службен резултат 20:0, што дополнително значи дека „црвено-белите“ по вторпат ја добија финалната серија и со победа од 2:0 ја освоија деветтата последователна титула.

„Црвено-белитe“ вечерва со навивачите во „Пионир“ најавија прослава на новиот трофеј.

За потсетување, вториот натпревар од финалната серија беше прекинат на 7:55 пред крајот на третата четвртина, при водство на Партизан со 57:45, поради веќе познати инциденти кои предизвикаа серија најави и остри реакции од двете страни.

ПретходноШпанија без Рики Рубио во битка за „виза“ за ЛОИ во Париз
СледноПремиерлигашите скоро едногласно гласаа ВАР да остане и следната сезона!