Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ не успеа да ја освои титулата во ВТБ Лигата. Во финалната серија, неговиот УНИКС Казан загуби со 4:1 од екипата на ЦСКА (М).
„УНИКС не ја заврши сезоната како што беше планирано, така што сите сме малку тажни. Вложивме максимални напори да ја одбраниме шампионската титула, но, за жал, тоа не беше доволно. Би сакале да им се заблагодариме на нашите верни фанови за поддршката во текот на целата година“, изјави Димитријевиќ за клупскиот веб-сајт.
За него ова веројатно беа и последните натпревари во дресот на рускиот тим, затоа што според сите шпекулации следната сезона Нено ќе игра во Италија.










