Шведскиот фудбалски репрезентативец Емил Форсберг се најде во центарот на скандал откако неговата сопруга Шанга Форсберг на социјалните мрежи изнесе детали од нивниот приватен живот. Во јануари, Емил направи трансфер од Лајпциг во Њујорк Ред Бул, а потоа ги прекинал контактите со Шанга.
Сопругата на социјалните мрежи откри дека Емил имал афера со поранешната спортистка и сега манекенка Фани Ернестам. Уште подлабоко, сопругата пишува дека Емил бил со Фани дури и кога Шанга била трудна со нивното второ дете, а по раѓањето на истото, Емил уште повеќе се оддалечил од неа.
„Честитам Фани, среќно со новиот дечко. Се надевам дека по 19 години и на тебе нема да ти го направи истото. Времето ќе покаже“, пишува Шанга.
„И јас сум изненадена. Не се осмелив ни да помислам дека можеби ме мами и води двоен живот. Го сакав и секогаш го поддржував. Но дури и љубовта има граница. Моите деца се најголема љубов и сакам да знаат колку се драгоцени“, порача меѓу другото Шанга.
Emil Forsbergs ex wife Shanga Forsberg is saying that he cheated on her after they had their second child. She even name dropped the woman. pic.twitter.com/DoZHLkBkNl
— 🇸🇪 (@SwedeStats) June 6, 2024