Андреас Трајковски се пласира на 22. место на атлетското ЕП во Рим

187
Андреас Трајковски настапи на Европското првенство во атлетика во Рим (Италија) во квалификациите во скок во далечина. Андреас прескокна 7.73 сантиметри (ветар -0.9м/с) во третата серија со што го завзема 22-то место од 28 атлетичари кои настапија денес во квалификациите.
Во првиот скок прескокна 7.58 (-2.0 м/с), во вториот 7.57 (-2.0 м/с). За пласман во финалето потребно беше да се скокне преку 7.95 сантиметри, резултат кој го имаше 12-то пласираниот Страхиња Јованчевиќ од Србија.
Денес најдолг скок во квалификациите оствари Симон Еинамер од Швајцарија кој прескокна 8.41 сантиметар што представува најдобар скок во оваа сезона во светот.
ПретходноНишто од полуфиналето: Брера поразена од Будуќност во 1/4 финалето на “Купот на Пријателство“
СледноБаер го договори првото летно засилување, а доаѓа од Франција