Како што најави Спортмедиа, Ристе Каракамишев и Мирза Идризовиќ и официјално се нови фудбалери на Тиквеш. Тиквеш потпиша договори и со двајцата, останува сега само уште промоцијата. Каракамишев е стопер, а Идризовиќ е офанзивен бек.
Инаку во недела, на Градскиот стадион во Кавадарци, Тиквеш против Детонит ќе ја има “генералката“ во пресрет на новата сезона во ПМФЛ.
Да споменеме дека по пауза од 17 години, Тиквеш одново ќе игра во нашата елитна лига.