Познато е дека во понеделник (10 јуни), нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски меч ќе и гостува на Чешка, која се подготвува за настап на претстојното ЕУРО 2024.
А денеска таа Чешка со неверојатни 7:1, исто во пријателски меч, просто ја збриша селекцијата на Малта.
По во оваа “седумка“ јасно е дека избраниците на селекторот Благоја Милевски во понеделник ги чека тежок, тежок меч, посебно ако се знае дека денеска Чешка играше во комбиниран состав.
Стрелци на головите беа Читил и Јурашек по два, потоа Барак, Лингр и Черни.
ФОТО: Sport.cz