Од она што може да се прочита од медиумите на Островот во врска со ЕУРО 2024, покрај другото, секако дека е интересно каде ќе престојуваат сопругите и девојките на репрезентативците на Англија.
Ако во Катар на СП беа сместени во луксузен брод, сега тоа ќе биде во хотелот “Шлостел“ во Кронберг, кој е сместен во дворец изграден во 1893 година.
Секако дека сопругите на Кејн, Фоден и останатите ќе бидат како принцези во сиот тој раскош и луксуз кој го нуди овој дворец. Тие ќе уживаат во сите благодети на овој дворец додека играчите на Саутгејт ќе се обидат да го освојат трофејот.
Инаку само ноќевање е околу 2,500 евра во овој хотел.