Бојан Спасовски продолжи со Бутел

143
Еден од играчите со најдолг стаж во Бутел Скопје, Бојан Спасовски, и во следната сезона ќе го носи дресот на нашиот клуб. Капитенот ја продолжи соработката за уште една сезона, која ќе биде за него четврта во Бутел Скопје.
„Се чувствувам одлично покрај вакви соиграчи во Бутел Скопје и сите функционираме заедно како еден. Ова можеби ќе биде мојата последна сезона во кариерата. Иако планирав претходно да кажам крај, нашиот Марче ми ги промени плановите и следната сезона ќе ја одиграм во негова чест. Сите заедно во клубот ќе дадеме максимум да направиме историски успех во новата сезона и ќе му го посветиме него, вели Спасовски
Претходно договорите со Бутел Скопје ги продолжија Василевски, Стојановски, Младеновски, Мајиќ, Ѓоргиевски, Блажески, Јевтиќ и Мојсоки, а нови имиња во тимот се Чаневски, Давитковски, Пулјизовиќ, Тот, како и младите Андревски и Филиповски.
ПретходноАмановиќ со Тобол го елиминираше Хајдук
СледноГеоргиевски со медалот стигна на скопскиот плоштад, дочекан од многу фанови (ВИДЕО)