Алпај Јусуф е второто засилување за Пелистер!

425

Алпај Јусуф (23) е најновото име во редовите на ФК Пелистер. Битолскиот клуб полека, но сигурно успева да ги консолидира своите редови и иако без квалитетни подготовки и без веројатно подготвителна средба, колку толку подготвено да го дочека стартот на првенството.

Алпај Јусуф е играч за врска, а доаѓа од второлигашот Кадино. Претходно има играно и за Силекс, Кит Го, Локомотива.

Тој по Филип Миленковски е второто засилување во редовите на битолскиот клуб во текот на овој летен преоден рок.

ФОТО: alpaj jusuf facebook

ПретходноПлоштадот беше „обоен“ во црвено и жолто… за Дејан! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТолку од Шкендија во Европа летово – повторно со пораз и без даден гол (ВИДЕО)