Скоро една половина анкетирани Англичани веруваат дека Англија ќе биде европски шампион

81

40% од англиските навивачи веруваат во освојување на титулата на претстојното Европско првенство 2024.

Вакви резултати покажа анкетата спроведена од агенцијата за маркетинг истражување Research Without Barriers. Анкетата е спроведена во периодот од 31 мај до 2 јуни и во неа учествувале 2.008 луѓе.

Според Англичаните, најголем ривал на нивната репрезентација за европскиот трон ќе биде селекцијата на Франција, која според 19% од испитаниците ќе го освои ЕП. Со 12 отсто гласови од анкетираните домаќинот на првенството Германија, е трет фаворит за европската титула, а по нив доаѓаат Шпанците, за кои само 8% веруваат во успех.

ПретходноЛука и Далас против традицијата: Само петпати се случило од 0:2 некој да стане НБА шампион!
СледноОгњеновски: Т. Пролет имаше успешна сезона, Јовиќ останува тренер и следната сезона