Фенер ја доби драмата со Анадолу и по 11. пат е шампион на Турција!

85

Во четвртиот натпревар од финалната серија на турската Суперлига, кошаркарите на Фенербахче на домашен терен го совладаа Анадолу Ефес со 80:72 по продолжение со што дојдоа до својата 11-та титула државен шампион!

Во исклучително интересен меч, видовме голема драма во завршницата и продолженија кои им припаднаа на домашните кошаркари. Фенер можеше и во минатиот меч да стане шампион, но Анадолу успеа да намали на 2:1, но сега гостите не успеаја да се изборат за „мајсторка“.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Најџел Хејс-Дејвис и Тарик Биберовиќ со 16 поени, односно 19 поени. Елајџа Брајант го предводеше поразениот тим со 18 поени.

ПретходноОгњеновски: Т. Пролет имаше успешна сезона, Јовиќ останува тренер и следната сезона
СледноУЕФА со ново правило на Евро 2024: Ако не сте капитен, немате право да разговарате со судијата!