Неколку наши интернационалци имаа успешно поминување во следната фаза во Лигата на Конференции по вчерашните натпревари. Сега одат на интересни противници, некои од нив на звучни имиња од европскиот фудбал.
Така Дарко Мицевски со РФС Рига ќе игра против Гент. РФС ја мина Пушкаш Академија во минатото коло, и сега ќе спарингува со силниот белгиски тим.
Нималку лесна задача ќе нема Ујпешт, за кого игра Стефан Јевтоски. Овој тим за противник го доби тимот на Базел.
АЕЛ Лимасол за кој играат Кире Ристевски и Давор Здравковски, против себе го имаат тимот на Карабах. Дарко Велковски и Ријека ќе играат со Хиберниан, додека ќе имаме македонска пресметка на дуелот меѓу Тобол и Жилина, односно Амановиќ на една страна и Фазлагиќ на друга. Милан Ристовски со Спартак Трнава ќе игра против Макаби Тел Авив, а Зени Хусмани од Домжале за противник го доби Розенборг.
Башким Велија со Љачи ќе игра против Андерлехт. Приштина со Зекирија Рамадан на клупата оди на дуел со Бодо Глимт од Норвешка. Теута на Пепи Ѓоргиев и Баже Тодоровски ќе се сретне со Шамрок Роверс.