Бутел Скопје ја продолжува праксата да ангажира млади македонски ракометари и да им дава шанса низ натпреварите. Најново име на листата е десниот бек Мартин Петровски, кој има 17 години, потпиша договор на три сезони, а доаѓа од составот на Аеродром.
Прилеп пак го дговори Божидар Илиески на бековската позиција, кој доаѓа од редовите на Мулти Есенс.
Претходно овој тим се засили со Александар Тренчевски, искусниот пикер кој повторно се враќа на домашен терен. Тренчевски во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор, Зомимак, Струга, Паргас ИФ од Финска и за Астраион.