Диме Димов имаше перфектна сезона во Локо Софија

924

Искусниот стопер Диме Димов ја имаше статистички најдобрата своја сезона во кариерата. Овој 30 годишен дефанзивец во дресот на бугарскиот тим Локомотив од Софија одигра 35 од можните 36 натпревари во сезоната која заврши а не настапи само на дуелот со Етер поради 5 жолти картони. Неговиот клуб ја исполни целта, остана во елитата и со пласман на 12 место од 16 клубови. Со тоа и автоматски Димов и во новата сезона ќе ги брани „црвено-црните“ бои на клубот од Софија со кој има договор на уште една година.

ПретходноЛудо патешествие – 24 клубови во 15 различни држави на четири континенти
СледноРетеги: Роден сум во Аргентина, но ќе се борам до смрт за Италија