Задутре (вторник) во Нион ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции, она што нас не интересира.
Шампинот Струга ТЛ, куп победникот Тиквеш и Шкенија ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите во ЛШ и ЛК и во вторник ќе ги дознаат своите ривали за 1.коло во квалификациите, а во среда (19 јуни) ќе ги дознаат и своите можни ривали во 2.квалификациско коло.
Утре (17 ноември) некаде после 14:30 часот УЕФА ќе ги објави групите, односно ќе го скрати списокот на можните ривали за Струга ТЛ, Тиквеш и Шкендија, но и за сите останати екипи па така ќе се знае скратениот список на можни ривали.
Инаку Струга ТЛ своите мечеви од 1.квалификациско коло во ЛШ ќе ги игра на 9/10 и 16/17 јули.
Ова е списокот на екипи кои се можни ривали на нашиот шампион:
Во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе учествуваат Тиквеш и Шкендија. Кавадарчани се неносители во ждрепката, додека тетовци се во групата на носители и во 1.квалификациско коло и во второто. Мечевите од стартното коло во ова натпреварување се закажани за 11 и 18 јули.
Инаку ова се екипите кои се можни ривали на Тиквеш и Шкендија: