Прво реми на ова ЕП: Данска поведе, Словенија се врати и имаше шанси и за победа (ВИДЕО)

87

Словенија и Данска одиграа без победник (1:1) во првиот меч од групата „Ц“ на Евро 2024. Во меч во кој двете селекции поделија по едно полувреме, нерешениот резултат можеби е и најреален резултат, иако Словенците според шансите можат и да жалат што не дојдоа до победа.

Данците го одиграа подобро првото полувреме и практично од првата шанса успеаја да го отворат резултатот. Кристијан Ериксен кој се врати на уште едно Европско првенство по оној стравичен инцидент на минатото ЕП 2020 кога доби срцев удар на првиот меч со Финска, сега во 17. минута од мечот успеа да погоди за водство на Данска од 1:0.

На овој гол, пак, му претходеше една извонредна шанса на Словенија, но Шешко не успеа да погоди.

Во вториот дел Словенија тргна моќно. „Змајчеки“ беа решени да најдат начин да го израмнат резултатот и успеаја да направат неколку многу зрели шанси за гол. Напрво Черин во 67. минута со глава за малку не успеа да погоди за израмнување. Истото се случи и во 75. минута кога Шпорар од слободен удар не успеа да погоди, откако топката мина близу до левата статива.

Минута подоцна Шешко во 100% шанса, ја погоди само стативата од голот на Данска, за сепак, минута подоцна Јанжа да погоди со помош на еден од данските фудбалери за конечно израмнување на резултатот на 1:1. Шпорар имаше уште една одлична шанса да ја доведе Слоенија и во водство, но и тој не успеа да постигне погодок.

Ова воедно е и првиот меч на ова ЕП кој завршува без победник. Во рамките на оваа група вечерва играат Србија и Англија.

ПретходноНеверојатно: Саутгејт ќе добие премија од 4 милиони фунти ако ја однесе Англија до трофејот на ЕУРО!
СледноСтартни состави: Србија со Митровиќ и Влаховиќ ја напаѓа Англија, „Трите Лава“ со пеколен состав