И официјално ГРК Тиквеш од денеска е посилен за интернационалецот од Украина, Данило Осадчиј (24). Ова е четврто засилување за кавадарчани, ако се смета и новиот стратег Драган Марковиќ.
Инаку Осадчиј е кружен напаѓач и последен клуб му бил Уеска од АСОБАЛ лигата. Висок е речиси два метра, 199 см и секако дека ќе биде големо засилување за составот на ГРК Тиквеш. Украинецот две сезони ќе го носи дресот на кавадаречкиот ракометен клуб.