Денеска на ЕУРО: Роналдо против разиграната Турција, Белгија не смее да киксне

353

Со денешните три меча од групите Ф и Е, завршува второто коло на ЕУРО. Сите три меча гарантираат жестока и неизвесна битка. А се почнува со дуелот од 15 часот во Хамбург меѓу Грузија и Чешка, селекции кои во првото коло доживеаја пораз па така денеска се пред голем предизвик.

Се чини дека дербито на денот се игра во Дортмунд каде силите ќе ги одмерат Турција и Португалија, и овој меч е од групата – Ф. Роналдо и компанија против разиграната Турција и нејзината млада ѕвезда Арда Ѓулер. Кој ќе победи денеска на „Сигнал Идуна Парка“ става заверка на пласманот во осминафиналето на ЕУРО 2024.

И во последниот меч денеска, во Келн, Белгија која пред ЕП важеше за еден од фаворитите за највисок пласман, не смее да си дозволи кикс против Романците кои покажаа дека се во страшна форма. Во случај на пораз на Лукаку и компанија тогаш пласманот во следната фаза за селекцијата на Белгија веројатно ќе биде невозможна мисија.

Досега ЕУРО во целост ги оправда очекувања, следиме фантастичен фудбал, нема причина да не биде така и денеска зошто на програмата се три актрактивни меча.

Image

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024

ГРУПА – Ф (15:00 Ч)

ХАМБУРГ: ГРУЗИЈА – ЧЕШКА

ГРУПА – Ф (18:00 Ч)

ДОРТМУНД: ТУРЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

ГРУПА – Е (21:00 Ч)

КЕЛН: БЕЛГИЈА – РОМАНИЈА

ПретходноЃорческа ја очекува првата противничка во квалификациите на Вимблдон
СледноБуфон: Мислевме дека вредиме сите 9 бода, сега прашање е дали вредиме 4 бода