Хајдук не се шегува: Гатузо носи двајца швајцарски репрезентативци на „Пољуд“?

1339

Доаѓањето на Џенаро Гатузо во Хајдук очигледно ќе повеле доаѓање и на повеќе други фудбалски ѕвезди во хрватскиот тим за следната сезона. Според информациите од Италија, Гатузо сака во Хајдук да ги донесе Швајцарците Рикардо Родригез и Ерај Комерт.

На Родригез му истече договорот со Торино, а тој потенцијално би дошол во Хајдук без обештетување. Родригез моментално е на Европското првенство во Германија и зад себе има 117 настапи за Швајцарија.

Комерт моментално не е со репрезентацијата на ЕП, но има 18 настапи за репрезентацијата на Швајцарија. Тој во моментов е член на Валенсија, која би го ослободила за бонус и потенцијален процент од следна продажба, бидејќи „лилјаците“ не се премногу заинтересирани да го задржат на „Месталја“.

Доколку ова дуо дојде во Хајдук, потоа почнува операцијата наречена Един Џеко, кој исто така е голема желба на сплитските „бели“.

ПретходноЈанев: Честитки за девојките, ги издржаа сите пехови што ни се случија!
СледноЧешка стравува за повредата на Патрик Шик