Роналдо се израмни со Поборски на листата на најдобри асистенти на ЕП

539

Кристијано Роналдо се изедначи со Карел Поборски како играч со најмногу асистенции на Европските првенства – осум. На крајот од натпреварот против Турција, додавањето на капитенот до Бруно Фернандеш заработи огромни пофалби од селекторот Роберто Мартинез.

„Кристијано е голгетер, живее за да постигнува голови и треба да му оддадеме почит за потегот кон Бруно Фернандеш. Тоа е пример и нешто што треба да се покаже во секоја ситуација. Тимот е најважен. Оваа асистенција веројатно значи повеќе од гол“, рече Мартинез.

Роналдо во своето конто на ЕП има 14 гола и 8 асистенции.

ПретходноМакедонските ракометарки преку Ангола до пласман во главната рунда на СП (ФОТО)
СледноЈанев: Честитки за девојките, ги издржаа сите пехови што ни се случија!