Македонската женска јуниорска репрезентација обезбеди пласман во главната рунда, откако на последниот меч од групната фаза ја совлада Ангола со 24-28 (11-13). Избраничките на Дарко Јанев успеаја да се издигнат од убедливиот пораз од Исланд и да го заверат своето место во следната фаза каде нема да пренесат бодови. А таму прв противник е селекцијата на Португалија, мечот се игра во понеделник, a потоа селекцијата на Црна Гора.
Сара Стефаноска беше прогласена за играч на мечот, зад своето име запиша шест гола исто колку и Емилијана Ризоска. Зад нив беше Ива Младеновска со пет погодоци.
Изедначена игра видовме во првото полувреме. Ангола на во три наврати имаше минимални плус еден, е некаде од средината на овој период, Македонина фати ритам и одржуваше предност од еден од три гола (7-10, 9-12 и 10-13). На одморот беше 11-13.
Со серија од 6-0 на стартот на второто полувреме, нашите ракометарки го направија најважниот чекор кон победата, поведоа со 12-19, беше и 12-20 и 14-21. Од овој момент се изгледаше полесно, Македонија ја имаше полесната задача, а тоа е да го приведе мечот во своја корист.
Со оваа победа нашите ракометарки се пласираа меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот во јуниорска конкуренција.