Капело: Во Хрватска гледа шампион, кои никогаш не се откажуваат

252

Фабио Капело ги предупреди фудбалерите на Италија ни за момент да не помислуваат дека ќе имаат лесна задача во последното коло против Хрватска.

Овој натпревар е од исклучителна важност за двете селекции, „аѕурите“ ќе се обидат да отскокнат од лошиот настап против Шпанија, додека Хрватите мора да победат доколку сакаат да обезбедат пласман во нокаут фазата. И додека голем дел од европската фудбалска јавност ги критикуваше „коцкестите“, опишувајќи ги како големо разочарување, Капело е свесен за квалитетите што ги поседува оваа селекција.

„Италија отстрана го гледа натпреварот против Шпанија бидејќи противникот беше одличен, сега против Хрватска треба да покажеме реакција. Знам дека сите велат дека Хрватите паднаа, дека се репрезентација која повеќе не е она што беше. Јас не гледам така, кога ја гледам Хрватска гледам шампиони заковани за ѕид, но шампиони кои никогаш не се откажуваат. Знам дека Модриќ, Ковачиќ, Брозовиќ ќе направат се за да слават против нас, затоа гласно кажувам дека Хрватска е најлошиот противник што можеме да го имаме за ваков решавачки натпревар“, сподели Капело.

ПретходноДенеска на ЕУРО: Германците се веќе во 1/8 финалето, на Швајцарија и одговара и реми
СледноПогледнете зошто беше поништен голот на Лукаку