Уште едно заминување од Барселона!

600

Заврши епизодата на Оскар да Силва во Барселона. Овој кошаркар помина две сезони во Барселона, а клубот му посака се најдобро во понатамошната кариера.

Тој дојде од Алба пред две години, а минатата сезона имаше просек од 3,4 поени и 2,7 скока по натпревар.

Да Силва е роден во Германија, има бразилско државјанство, а во текот на кариерата играше за Лудвигсбург, Алба и Барселона.

Има само 25 години, а сигурно е дека има интерес од Евролигата за овој крилен центар.

ПретходноУЕФА го суспендира Даку!
СледноРоналдо против Турција играше со копачките на колегата