Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку ја дозна казната која му ја спреми УЕФА.
Eтичката и дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го суспендира албанскиот фудбалер Мирлинд Даку на два натпревари поради недоличното однесување по мечот со Хрватска. Како потсетување тој ги навреди Македонците и Србите, ги поттикнуваше и навивачите да ги повторуваат неговите зборови.
Поради тоа се најде на удар на јавноста, а и покрај тоа што се извини покрената беше постапка. Неговиот клуб веќе најави казна, а сега и УЕФА ја изрече својата казна.
Тоа значи дека Даку ќе го пропушти мечот со Шпанија во понеделник, а нема да игра и на следниот меч на ЕП доколку Албанија се пласира таму. Во случај Албанија да испадне, казната му се префрла на следниот натпревар на Албанија под капата на УЕФА.