Ален Јашароски (32) во следната сезона ќе го носи дресот на Силекс. Довчерашниот напаѓач на Воска веќе има договор со кратовци, останува само уште промоцијата. Се разбира дека со Јашароски нападот на тимот на стратегот Александар Васоски ќе има повеќе опции.
Инаку Силекс утре ќе ги стартува летните подготовки, во врска со тоа свој коментар за ФБ на Силекс, имаше Васоски:
„99% за време на подготовките ќе останеме во Кратово, можно е да одиме до Охрид. Се ќе зависи од временските услови. Комплетираме играчки кадар, пријателските натпревари ги договараме, стартот ќе ни биде со Кожуф, а за понатаму ќе ги добиеме имињата наскоро, штом ги договориме“.