Португалија славеше над Исланд: Младите ракометарки останаа без шанси за четвртфинале

83

Нашата јуниорска ракометна репрезентација остана без шанси да се бори за пласман во четвртфиналето на СП во Скопје. Денеска во првиот меч од 2. коло од главната рунда во нашата група, селекцијата на Португалија славеше над Исланд со 26:25 и практично го освои првото место.

Математички, Македонија ги загуби шансите за место меѓу најдобрите осум во светот, но останува да се надеваме на победа на дуелот со Црногорките кој стартува од 20.15 часот.

Евентуален триумф или реми ќе ни донесат позиција за разигрување за пласман од 9. до 12. место.

ПретходноПробиец останува селектор на Полска и по ЕП 2024
СледноФранција со нов кикс и го предаде врвот на сјајната Австрија на Рангник (ВИДЕО)