Нема веќе дилеми. Со ремито меѓу Англија и Словенија, Хрватска и дефинитивно си оди дома, испадна од ЕУРО уште по групната фаза. Секако дека ова е катастрофа за момците на Златко Далиќ, но самите си се виновни, никој друг.
Затоа славје во Словенија. Четата на Матјаж Кек како трета и дефинитивно се пласира во осминафиналето. Тие се најдоа меѓу најдобрите третопаласирани од групте на ЕП.
Данска е втора поради тоа што има подобар ФИФА ранкинг откако претходно се беше израмнето со Словенците.
Сепак Словенија испиша историја, ова е прв пат да ја мине групната фаза на некое ЕП или СП.
Секоја чест за Словенците.