Турската федерација во одбрана на Монтела по силните напади од турските медиуми

525

Дебатата за селекторот на Турција, Винченцо Монтела предизвикува многу пореметувања пред решавачкиот натпревар во групата Ф против, кој Турците го играат против Чешка денеска во Хамбург. Италијанецот е масовно напаѓан во турските медиуми затоа што ја изостави младата ѕвезда и медиумски миленик Арда Ѓулер од стартниот тим во поразот од Португалија со 3-0 .

Критиките станаа толку тешки што се вклучи дури и претседателот на Турскиот фудбалски сојуз (ТФФ). Мехмет Бујукеши застана во одбрана на 50-годишниот Монтела со изјава дека Федерацијата има целосна доверба во него.

„Темите како што се формацијата, физичката кондиција и тактиката на играта ги одредува тренерскиот тим. Соработката меѓу тренерите и играчите е хармонична. Репрезентацијата не треба да се искористува за лични интереси. Сите репрезентативци се вредни“, изјавил првиот човек на турската федерација во обид да ги амортизира нападите кон Монтела.

ПретходноСловенците изненадени од пласманот во осминафиналето: Не очекував дека ќе ја минеме групата
СледноНавивачите фрлаа со чаши кон него, Саутгејт обвини: Се прават некои позадински игри