Историја во НБА: Леброн и синот ќе играат заедно во ЛА Лејкерс

221

Американскиот кошаркар Брони Џејмс беше избран со 55. пик на НБА драфтот од Лос Анџелес Лејкерс.

Ова е сценариото што НБА го посакуваше за да ги спојат таткото и синот Џејмс во еден тим. Се разбира, пвие двајца не се кој било татко и син. Како што е познато, Леброн Џејмс е таткото на Брони, кој ќе влезе во историјата на спортот.

Имено, татко и син за првпат ќе играат заедно во НБА лигата.

Минатата сезона Брони играше на Универзитетот во Јужна Калифорнија каде забележа просек од 4,8 поени и 2,8 скока во 25 натпревари.

Многумина веруваат дека тој нема квалитет за најсилната лига во светот, но времето ќе покаже.

ПретходноКопа Америка: Уругвај со „петарда“ до четвртфинале, Панама ги изненади САД (ВИДЕО)
СледноКопа Америка: Меси нема да игра против Перу, ќе се рехабилитира до четвртфиналето