Челзи ги заврши сите потребни формалности и потпиша со младиот Марк Гују.
„Сините“ на Барселона и платија 6.000.000 евра колку што беше откупната клаузула во договорот на талентираниот фудбалер.
Гују ги помина лекарските прегледи во Лондон и потпиша договор до јуни 2030 година. Се очекува лондонскиот клуб да го потврди неговото доаѓање во текот на денот.
Гују има 18 години и помина низ јуниорските категории на Барселона.
Минатата сезона тој дебитираше во првиот тим под водство на Чави Хернандез, но поради подобрите финансиски услови реши да се пресели во Лондон.