Новиот спонзор на Вардар нема „игри на среќа“!

10125
Фото: ФК Вардар/Фејсбук

Дека Вардар има нов спонзор тоа е факт, истиот е странска корпорација чие што име ќе биде обелоденето откако ќе се средат документациите, акциите и долговите кои ги има ФК Вардар во изминативе години и кои го доведоа клубот до самото дно.

Сепак Вардар буди многу емоции и очекувања затоа што станува збор за најголемиот фудбалски, па и спортски клупски бренд, кој постои во нашата земја. Одредени информации околу името на новиот спонзор кои се појавија во текот на изминативе неколку часа само ја искомплицираа работата за превземање на клубот.

„СпортСпорт“ од сигурни извори дознава дека новиот спонзор на „црвено-црните“ не е поврзан, и не е компанија која има или организира „игри на среќа“. Станува збор за сериозен спонзор со сериозен буџет со кој клубот треба да се врати на шампионските патеки во земјава и да се бори за место во групната фаза од натпреватрувањата на УЕФА.

Можеби од незнаење, можеби со одредени намери, некои сакаат да го закочат процесот за средување на работите во ФК Вардар се со цел да нема време ова лето да се создаде и склопи конкурентен тим за високи дострели.

Она што е јасно е дека не станува збор за компанија од „коцкарскиот“ бизнис и дека не е Сергеј Самсоненко, кој пак е на располагање и кој цврсто се залага за одглавување на Вардар и превземање на клубот од страна на нов моќен спонзор.

ПретходноЧелзи ја плати клаузулата за талентот на Барса
СледноАстон Вила го урна летниот рекорд