Нема тениски медал за Србија, Ѓоковиќ се откажа од мечот за трето место во микс двојки

489

Од надеж дека ќе освои два златни медали Новак Ѓоковиќ се соочи со реалноста дека нема да се закити со ниту едно одличје на Олимписките игри во Токио.

Откако загуби во полуфиналето со сингл, а потоа утринава и во мечот за бронза од Буста, најдобриот светски тенисер требаше да се појави во мечот за трето место во мешани двојки заедно со Нина Стојановиќ.

Сепак, тоа нема да се случи затоа што Ѓоковиќ едноставно се откажа поради премор. ОДигра десетина мечеви во само една недела, не со успех каков што посакуваше и тој повеќе очигледно нема ниту атом снага во себе во моментов.

Бронзениот медал автоматски им припаѓа на двојката Барти – Пирс.

 

ПретходноШведска подобра и од Бразил
СледноПотег за почит: Новиот вардарец сподели фото со македонското знаме од Токио