Шпанија со Јапонија, Бразил со Мексико во полуфиналето на ОИ (ВИДЕО)

115

Шпанија – Јапонија и Мексико – Бразил се полуфиналните двојки на машкиот олимписки фудбалски турнир. На денешните четврфинални дуели, Шпанците по продолженија ја совладаа селекцијата на Брегот на слонова коска со 5:2, Јапонците по пенали беа подобри од Нов Зеланд, додека Бразил со минимални 1:0 славеа на дуелот со Египет.

 

Во последното четврфинале кое заврши предмалку, Мексико го демолираше составот на Јужна Кореја со 6:3. Мексиканците „бомбардираа“ со по три гола во двете полувремиња и закажаа полуфинале со еден од главните фаворити за златото, селекцијата на Бразил.

 

ПретходноДвојна радост: Шведска со злато и сребро во фрлање диск
СледноПолска ги шокираше Американците и го грабна златото во штахетата 4х400 мешано