Историја за Катар: Елбах освои злато во кревање тегови

125

Ибрахим Фарес Елбах од Катар освои прв, историски златен медал за својата земја на ЛОИ. Во натпреварите во кревање тегови во категоријата до 96 килограми на Игрите во Токио, Катарецот кој има само 23 години, имаше неверојатно исфрлување при обидот да крене 225 килограми, со што успеа да постави и нов олимписки рекорд.

Второто место му припадна на Санчез Валенила од Венецуела додека трет заврши Антон Плесној од Грузија.

ПретходноНорвешка е непобедлива: Морк со 9 гола ја запре Холандија
СледноХамилтон го прекина „постот“, стартува прв на „Хунгароринг“