Уште една легенда после Крос се збогува со германската репрезентација

565
Фото: Thomas Müller/Instagram

Германскиот фудбалер Тони Крос вчера и официјално ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Одличниот германски играч за врска најави дека ќе се пензионира по Европското првенство, а со тоа што Шпанците ги нокаутираа неговите Германци, тоа пензионирање стана и официјално. После тоа од Германија стигна вест дека Томас Милер (34) ќе стави крај на репрезентативната кариера.

„Да, прилично е сигурно дека ова беше мојот последен натпревар за Германија“, изјави напаѓачот на Баерн за Скај.

Милер за Германија дебитираше во 2010 година, а оттогаш забележа 131 настап и постигна 45 голови. Во 2014 година со репрезентацијата беше светски шампион во Бразил. Во кариерата настапуваше само за Баерн, чиј член е од 2000 година. За баварскиот клуб има 707 настапи и 242 гола.

ПретходноСтигна објаснување зошто не беше досуден пенал за Германија
СледноНагелсман: Роботите ни носат кафе, а ние не знаеме што е пенал!