Македонскиот интернационалец Рамин Алии, кој досега беше дел од тимот на Скендербег од Албанија, прави трансфер во Белорусија. Поточно, играчот за врска се сели во екипата на Ислок, која што во моментов го завзема десеттото место во тековниот шампионат на оваа земја.
Алии е некогашен У21 репрезентативец на Македонија, а сега што се вели ја носи својата кариера на едно сосема друго ниво. Тој е дете на Шкупи, а со својот нов тим, има големи шанси да заигра и во групната фаза од Конференциската лига, затоа што има пред себе двомеч со тимот на Ла Флорита од Андора.