Јуниорите и вторпат подобри од Словачка

234

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија оствари и втора победа во контролите со Словачка. По по вчерашната победа од 29-16, јуниорите денеска одиграа уште еден контролен натпревар со Словачка, кој го добија со 30-25.

Избраниците на Раде Стојановиќ на 10 јули го почнуваат својот настап на М20 ЕХФ Еуро, најсилниот европски шампионат во возрасната категорија. Нашата репрезентација е во групата „А“ заедно со репрезентациите на Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Во следната фаза сигурно оди победникот од групата, а второпласираниот тим ќе биде во конкуренција со второпласираните од групите Б и Ц, за уште едно место во Главната рунда.

ПретходноНово правило на Олимписките Игри во Париз
СледноДуелот со Шпанија најгледан фудбалски натпревар во Германија во последните 10 години