Не само што беше стартер и ги одигра сите 90.минути, туку Елиф Елмас одигра сосема квалитетно за Наполи попладнево на гостувањето кај Баерн Минхен на „Алијанц Арената“ во рамките на „Ауди Купот“. И не само што Елмас одигра добро, туку неговиот тим со 3:0 просто ги понижи “баварците“, едноставно ги “растури“. Два гола постигна Осимен, а за конечни 3:0 стрелец беше Махач.
Уште еднаш се виде дека новиот стратег на наполитанците Лучијано Спалети ќе му дава далеку поголема минутажа на нашиот Дијамант, дека Елмас ќе биде стартер во Наполи следната сезона.