Раководството на РК Бутел го договори младинскиот репрезентативец на Египет, Хусеин Валид Кадах. Тој има 20 години и доаѓа од египетскиот клуб Ел Шармс, а ова ќе му биде прво интернационално искуство во кариерата.
Египќанецот игра на левата бековска позиција, а може да покрие и на среден бек.
„Навистина ми е чест што ќе играм за Бутел Скопје и ќе имам свој придонес на ракометната сцена во Македонија. Ова е фантастична можност во мојата кариера, и јас едвај чекам да ги придонесувам во тимот. Со нетрпение очекувам да работам напорно, да учам од моите соиграчи и тренери и да имам позитивно влијание на теренот. Заедно, верувам дека можеме да постигнеме големи работи и да донесеме успех на клубот“, изјави Кадах.
Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.