Технички, топката е иста како онаа што се користеше во текот на целиот турнир, само што е „освежена“ со нови визуелни елементи.
Неговата уникатност се рефлектира во тоа што може да го открие секој контакт, па секогаш кога играчот ќе ја допре, ќе шутне или ќе дрибла, сензорот ќе регистрира и испраќа сигнал.
Посебен чип ќе ја мери брзината на топката, како и други параметри како ротација и траекторија.
„Fussballliebe Finale“ е првата топка која содржи технологија „Connected Ball“ и е поврзана со ВАР просторијата.
Овие иновации, во комбинација со позицијата на играчот и вештачката интелигенција, ќе придонесат за подобрување на технологијата за полуавтоматски офсајд.
unveiling the ‘FUSSBALLLIEBE FINALE’ ❤️⚽️🏆
the official match ball for the @EURO2024 semi-finals and final. pic.twitter.com/uuwo9Ik6HE
— adidas Football (@adidasfootball) July 7, 2024
Да потсетиме, Шпанија и Франција играат во вторник од 21 часот, додека еден ден подоцна во истиот термин силите ќе ги одмерат Англија и Холандија.
Финалето е закажано за недела на 14 јули во Берлин.