Дешамп кон новинар: Ако ти е досадно да ја гледаш играта на Франција, гледај нешто друго!

303

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп не беше расположен да ги чуе критиките на негова адреса за играта која ја прикажа Франција во досегашниот дел од Еуро 2024. На прес-конференцијата пред дуелот со Шпанија, еден шведски новинар го праша Дешамп дали ги разбира критиките за досадната игра која ја прикажаа „триколорите“ досега.

„Дефинитивно си Швеѓанец, дали си сигурен? Веројатно живеете во Франција! Ако ти е досадно, гледај нешто друго, во ред е. Не сте обврзани да го правите ова. Ова е посебен турнир за секого, со помалку голови од минатото. Имаме можност да споделиме емоции, да ги задоволиме Французите со нашите резултати. Ако на Швеѓаните сме им здосадиле, тоа не ми е многу важно“, изјави селекторот на Франција.

ПретходноГерет Бејл дојде на Вимблдон за да навива за Ѓоковиќ (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ фуриозно го мина и Руне за четвртфинале на Вимблдон