Ете, тоа е тоа. Луис де ла Фуенте со 1,2 милони евра годишно зема помала плата од Драган Стојковиќ Пикси кој е платен 1,4 милиони.
Па, зарем е можно? Пикси кој е најслабиот селектор во историјата на фудбалот да биде повеќе платен од селекторот на Шпанија кој својата репрезентација ја однесе во финалето на ЕУРО, а Србија со Пикси е предмет на зафрканција на сите фудбалски фанови кои се разбираат во овој спорт.
Инаку најплатен од сите селектори кои беа на ова ЕУРО со своите репрезентации е Герет Саутгејт со неверојатни 5,8 милиони евра.