Нигерискиот играч за врска во дресот на Струга ТЛ, Хоган Укпа изрази оптимизам во пресрет на денешниот натпревар на нашиот првак против Слован Братислава во рамките на 1. коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
„Очекувам добра атмосфера, добар натпревар со многу гледачи. Играме на нов стадион и терен и очекуваме новиот терен да биде добар за двете екипи за да имаме убав натпревар. Работевме напорно, не само во подготвителната фаза, туку и минатата сезона, каде што стигнавме до плеј-оф фазата во европските натпреварувања. Доколку ги здружиме силите, веруваме дека ќе постигнеме уште поголеми успеси од минатата сезона. Така што очекувањата се уште поголеми од минатата сезона“ – изјави Укпа, кој очекува да дебитира во натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.