„Крвникот“ на Македонија заврши во Бенфика за 17 милиони евра

1725

Украинскиот напаѓач Роман Јаремчук, стана нов фудбалер на Бенфика. Јаремчук кој Македонија не го памети по одбор, со оглед дека постигна еден од двата гола за победа на Украина над нашата селекција на ЕУРО 2020.

Јаремчук во Бенфика доаѓа од Гент, а сумата е 17 милиони евра. Постигнат е договор кој е во траење од пет години.

За Јаремчук имаше интерес и од други клубови, на крајот се реши да заврши во Лисабон.

ПретходноЕма Мекион на врвот на пливачкиот свет
СледноАлбан Сулејмани го засили Пелистер