Ванда Нара објави дека се раздели со фудбалерот Мауро Икарди.
Двојката која беше во фокусот на вниманието на светската јавност поради меѓусебните релации и со друг фудбалер на Аргентина, по повеќе месечни проблеми реши да се раздели.
„Решив да заминам, но нема да престанеме да бидеме семејство со Мауро. Не жалам за ништо, на овој човек му ги дадов најубавите години од мојот живот, но од денес морам да продолжам сама“, напиша сопругата на фудбалерот на Галатасарај.
Нара и Икарди се во брак од 2014 година. Тие имаат две ќерки, родени во 2015 и 2016 година. Треба да се напомене дека во 2022 година, Ванда пријави дека раскинува со нејзиниот напаѓач, но тие последователно ја продолжиле својата врска.