Крејчикова преку Рибакина до финале на Вимблдон

63

Барбора Крејчикова се пласираше во финалето на Вимблдон победувајќи ја четвртопласираната во светот Јелена Рибакина во три сета со 2:1. По два часа и девет минути игра, 32. тенисерка на ВТА листата славеше со 3:6, 6:3, 6:4.

Крејчикова првпат е во финале на Грен слем турнир откако ја освои титулата на Роналд Гарос во 2021 година.

Во финалниот меч чешката тенисерка ќе се сретне со Италијанката Јасмин Паолини, која претходно во три сета беше подобра од Векиќ од Хрватска.

ПретходноВанда Нара му раскина на Икарди: Продолжувам сама!
СледноВан де Бек е нов фудбалер на Џирона