Италија ризикува да добие сериозна казна, па дури и исфрлање од турнирите под капата на ФИФА и УЕФА, доколку продолжо политичкото мешање во спотот. Заканата за овие санкции доаѓа поради предлогот на лидерот на партијата Форца Италија, Џорџо Муле. Тој бара усвојување на амандман кој ќе им овозможи на клубовите и играчите да ги заобиколат спортските терени и да бараат решенија за нивните спорови директно преку нормалните судови.
ФИФА и УЕФА веруваат дека ова е форма на мешање на владата во спортот – нешто што е изрично забрането од двете фудбалски асоцијации.
Идејата на Муле е Серија А, Серија Б и Лега Про да се одвојат од Италијанската фудбалска федерација, по теркот на Премиер лигата во Англија, која не е дел од Фудбалската асоцијација во земјата. Оваа идеја веќе предизвика сериозна врева во Италија, а сега доаѓа предупредувањето од ФИФА и УЕФА.