Само два поени во третата четвртина: Македонија убедливо поразена и од Турција

189
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години зад себеш има уште еден меч за заборав на Европското првенство А „Дивизија“ во Полска. Нов удар на „црвено-жолтите“ им нанесе Турција која славеше со 55-90.

Тома Стојановски имаше 12 поени, Никола Бојчев 10, додека Андреј Шошкиќ девет.

Добро прво полувреме и катастрофална трета четвртина на кратко е приказната за оваа втора средба. Нашите кошаркари добро се држеа во првото полувреме, на одморот резултатот беше 38-42. Но, по овој момент потонаа.

Колапс во третата четвртина, Македонија првите поени ги постигна после 8:30 минути игра. Тони Симиќ реализираше од линијата за слободни фрлања. Турција овој период го отвори со 18-0 за водство од 38-60. Македонија во овој период остана на двата поени на Симиќ, додека противникот даде 22.

Во последната четвртина Турција рутински ја заврши својата задача за прва радост на шампионатот.

Следен противник е селекцијата на Белгија која денеска беше поразена од Шпанија, но претходно славеше пеорив Турција. Мечот се игра утре со почеток во 18 часот.

ПретходноШпанија поведе, прекрасен гол на Вилијамс (ВИДЕО)
СледноАнглија е жива, каков гол на Палмер (ВИДЕО)