Александар Зверев е освојувачот на златниот медал во тенис на Летните олимписки игри во Токио. Тоа е прво блескаво одличје за германскиот тенисер, а воедно и прво злато за Германија на тениските турнири на ОИ по 1988 година кога во Сеул шампионка беше Штефи Граф.
Зверев кој во полуфиналето го исфрли Ѓоковиќ, во финалето на турнирот го „збриша“ рускиот тенисер Карен Качанов со 2-0 во сетови (6:3 и 6:1).
Ова дефинитивно е најголемиот успех на Зверев во кариерата. Претходно има финале на Гренд слем турнирите, она на УС Опен минатата година, како и полуфиналиња на Австралија Опен во 2020 и Ролан Гарос во 2021.
A golden Games for @AlexZverev 🥇
He becomes the first German to win an Olympic gold medal in singles since Steffi Graf 🇩🇪#Tokyo2020 pic.twitter.com/hYZz1F4nXD
— Wimbledon (@Wimbledon) August 1, 2021