Начевски и Николов го судеа мечот во кој Норвешка ја запре Франција и осигура четвртфинале

130

Репрезентацијата на Норвешка обезбеди четвртфинале на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио со победата над Франција со 32:29 во 5. коло. Французите беа перфектни до овој меч, а Норвежаните имаа два порази и очајно им требаше голем триумф за да изборат место во следната фаза.

Одиграа одлично, на полувреме беше изедначено 15:15, а во вториот дел Скандинавците беа подобри. Овој меч го судеа македонските судии Начевски и Николов.

Норвешкиот бомбардер Сагосен беше најефикасен на мечот и постигна седум голови, а пет гола постигна Гуликсен.

Кај Французите најефикасен беше Дешат кој реализира пет гола.

Франција и покрај поразот е победик во групата и во четвртфиналето ќе игра против Бахреин. Норвешка својот ривал ќе го дознае по расплетот во другата група. Ако Германија го победи Бразил (што и се очекува), Норвежаните ќе бидат четврти и ќе одат на Данска во следната рунда.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЗверев го „збриша“ Качанов за златото во тенис на ЛОИ!
СледноДолгопјат стана вториот Израелец во историјата со злато на ЛОИ